Стандарди
Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје
Интегрираниот систем на управување на процесите, кои се реализираат во ДГ БЕТОН АД-СКОПЈЕ ги опфаќа системите:
Систем за менаџмент со квалитет, согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015, имплементиран во 2006 година.
Систем за менаџмент на животната средина, согласно барањата на стандардот ISO 14001:2015, имплементиран во 2009 година.
Систем за менаџмент со здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на стандардот ISO 45001:2018, имплементиран во 2020 година.
Систем за безбедност и квалитет на храна, HACCP, имплементиран во 2011 година.
Интегрираниот Систем за менаџмент со квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа е прилагоден на структурата на организацијата на ДГ БЕТОН АД Скопје.
Политика за квалитет, заштита на животната средина и безбедност при работа
Политиката за квалитет ја изразува определбата, разбирањето, стратегијата и одговорноста на персоналот на ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ, за исполнување на барањата и очекувањата на купувачите, инвеститорите, општеството, сопствениците и персоналот на основа на следните принципи:
Квалитет дефиниран со мерливи критериуми и реални цели на основа на барањата на купувачите и инвеститорите.
Квалитет реализиран на основа на економски критериуми, за достигнање со најмали трошоци.
Квалитет обезбеден низ систем на оптимализирани последователни процеси.
Постојано подобрување на квалитетот на процесите, услугите, производите и сигурноста на објектите кои ги изведува.
Одговорност на целиот персонал за реализација на бараниот квалитет.
Грижа за животната и работната средина преку утврдување и мерење на загадувањето од работните процеси
Спречување на повреди при работа создавајќи безбедна работна средина и безбедна опрема за сите вработени
Сертификати










