Select Page

Врз основа на член 384 и 387 од Законот за трговските друштва и Статутот на

ДГ БЕТОН АД Скопје, Одборот на директори на    ДГ БЕТОН АД Скопје, ул.Миле Поп Јорданов бр.32 а, објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К

 

за свикување на Годишно Собрание

на aкционерите на ДГ БЕТОН АД Скопје

 

Седницата на Собранието ќе се одржи во просториите на ДГ БЕТОН АД Скопје,  ул.Миле Поп Јорданов бр.32 а, 1000 Скопје, на ден 29 јули 2021 година, со почеток во 10:00 часот, со следниот:

 

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

 

I.Процедурален дел

  1. Избор на Претседавач на Собранието;
  2. Избор на Комисија за утврдување на кворум, спроведување на гласање и пребројување на гласови;

 

II.Работен дел

  1. Донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работа на друштвото за 2020 година;
  2. Донесување на Одлука за усвојување на консолидирана годишна сметка и консолидиран финансиски извештај и годишниот извештај за работа на друштвото за 2020 година;
  3. Донесување на Одлука за усвојување на годишниот ревизорски извештај за 2020 година;
  4. Донесување на Одлука за увојување на консолидираниот годишен ревизорски извештај за 2020 година;
  5. Донесување на Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори за 2020 година;
  6. Донесување на Одлука за распределување на добивката од 2020 година;
  7. Донесување на Одлука за усвојување на годишниот Извештај од внатрешната ревизија за 2020 година;
  8. Донесување на Одлука за назначување на овластен ревизор за вршење на ревизија на годишната сметка за 2021 година;
  9. Донесување на Предлог Одлуки за одобрување на големи зделки;
  10. Донесување на Предлог Одлука за признавање на дополнителна награда на Претседателот на Одборот на директори за посебно доверени работи;

 

На Седницата на собранието може да присуствува секој акционер на друштвото лично или преку именуван полномошник со уредно заверено полномошно кај нотар, или полномошно незаверено кај нотар, но со обврска за акционерот за даденото полномошно писмено да го извести друштвото со задолжително доставување на доказ за неговиот личен идентитет.

Учеството на Собранието се пријавува најдоцна до почетокот на седницата преку архивата на ДГ Бетон АД Скопје.

Материјалите за Собранието ќе бидат достапни за акционерите од денот на објавувањето на Јавниот повик во Правната служба на ДГ Бетон АД Скопје, секој работен ден до 15:30 часот.

Вклучување на нови точки од дневниот ред се врши согласно Законот за трговските друштва.

 

                                                                                          ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ