Врз основа на Законот за трговските друштва и Одлуката на Одборот на директори, Одборот на директори на ДГ БЕТОН АД Скопје, ул.Миле Поп Јорданов бр.32 а, објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К

за свикување на Годишно Собрание
на aкционерите на ДГ БЕТОН АД Скопје

 

 

Седницата на Собранието ќе се одржи во просториите на ДГ Бетон АД Скопје, Миле Поп Јорданов 32а, 1000 Скопје, ПЕТОК, на 02.10.2020 со почеток во 11.00 часот, со следниот:

 

 

РЕВИДИРАН  ДНЕВЕН  РЕД

 

I.Процедурален дел

  1. Избор на Претседавач на Собранието;
  2. Избор на Комисија за утврдување на кворум, спроведување на гласање и пребројување на гласови;
  • Записникот на Собранието ќе го води Нотар.

II.Работен дел

  1. Донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работа на друштвото за 2019 година;
  2. Донесување на Одлука за усвојување на консолидирана годишна сметка и консолидиран финансиски извештај и годишниот извештај за работа на друштвото за 2019 година;
  3. Донесување на Одлука за усвојување на годишниот ревизорски извештај за 2019 година;
  4. Донесување на Одлука за увојување на консолидираниот годишен ревизорски извештај за 2019 година;
  5. Донесување на Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори за 2019 година;
  6. Донесување на Одлука за распределување на добивката од 2019 година;
  7. Донесување на Одлука за усвојување на годишниот Извештај од внатрешната ревизија за 2019 година;
  8. Донесување на Одлука за назначување на овластен ревизор за вршење на ревизија на годишната сметка за 2020 година;
  9. Донесување на Одлуки за одобрување на големи зделки;
  10. Донесување на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ДГ Бетон АД Скопје;
  11. Донесување на Одлука за избор на членови на одборот на директори поради истек на мандатот;
  12. Разгледување на предлогот за продажба на недвижен имот – хотел во Дојран и донесување на Одлука за негова продажба или не;

 

На Седницата на собранието може да присуствува секој акционер на друштвото или именуван застапник согласно Законот за трговските друштва. За секое дадено Полномошно, Акционерот треба писмено да го извести друштвото. Учеството на Собранието се пријавува најдоцна до почетокот на седницата преку архивата на ДГ Бетон АД Скопје.

Доставување на предлози за членови на Одборот на директори ќе се врши најдоцна до 25.09.2020 година. Материјалите за Собранието ќе бидат достапни за акционерите од денот на објавувањето на Јавниот повик во Правната служба на ДГ Бетон АД Скопје.

 

 

 

 

                                                                                                       ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ