Select Page

Почитувани,

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ донесе одлука да ги сведе на минимум директните средби и состаноци со деловите партнери и вработените во рамки на компанијата.

Одлуката е донесена со цел превенција и намалување на можностите за ширење на вирусот.

Заради тоа информираме дека контактите со ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ, можат да се реализираат преку:

  • телефонскиот број 02 25513 700 секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и
  • електронското сандаче beton@beton.com.mk
  • конференциска врска

Исто така препорачуваме евентуалната потреба од достава и добивање на документи до/од ДГ БЕТОН АД Скопје да се врши по можност во скенирана форма и по електронски пат.

Апелираме за почитување на превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.

Здравјето пред се!

Со почит,
ДГ Бетон АД Скопје