Select Page

Врз основа на член 384 и 387 од Законот за трговските друштва и Статутот на

ДГ БЕТОН АД Скопје, Одборот на директори на ДГ БЕТОН АД Скопје, ул.Миле Поп Јорданов бр.32 а, објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К

 

за свикување на Вонредно Собрание
на aкционери на ДГ БЕТОН АД Скопје

 

Седницата на Собранието ќе се одржи во просториите на ДГ БЕТОН АД Скопје,  ул.Миле Поп Јорданов бр.32 а, 1000 Скопје, на ден 18.10.2021 година, со почеток во 10:00 часот, со следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

I.Процедурален дел

1. Избор на Претседавач на Собранието;
2. Избор на Комисија за утврдување на кворум, спроведување на гласање и пребројување на гласови;
3. Избор на записничар и оверувачи на Записник;

 

II.Работен дел

1. Донесување на Одлука за одобрување на склучување на зделка со заинтересирана страна – продажба на хотел Бетон во Стар Дојран;
2. Донесување на Одлука за одобрување на склучување на зделка со заинтересирана страна – отстапување на побарување;
3. Донесување на Одлука за одобрување на склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување Договор за изведување на градежни, занаетчиски и инсталатерски работи;
4. Донесување на Одлука за продажба на недвижен имот во изградба хотел Бетон Скопје  со компатибилни деловни намени;
5. Донесување на Одлука за продажба на недвижен имот хотел Аура во Охрид.

 

На Седницата на собранието може да присуствува секој акционер на друштвото лично или преку именуван полномошник со уредно заверено полномошно кај нотар, или полномошно незаверено кај нотар, но со обврска за акционерот за даденото полномошно писмено да го извести друштвото со задолжително доставување на доказ за неговиот личен идентитет.

Учеството на Собранието се пријавува најдоцна до почетокот на седницата преку архивата на ДГ Бетон АД Скопје.

Материјалите за Собранието ќе бидат достапни за акционерите од денот на објавувањето на Јавниот повик во Правната служба на ДГ Бетон АД Скопје, секој работен ден до 15:30 часот.

Вклучување на нови точки од дневниот ред се врши согласно Законот за трговските друштва.

 

 

                                                                                    ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ