Денес на 11.05.2021 година е потпишан договор за изградба на резиденцијален објект во Загреб, Р. Хрватска, каде инвеститор е хрватската Компанија ZONA d.o.o. Zagreb.

ДГ БЕТОН АД Скопје, во овој проект, учествува преку својата Хрватска Подружница “BETON d.d. Skopje – PODRUŽNICA  SESVETE“, која е лидер на групата изведувачи „BETON-TEHNIKA”, формирана задно со реномираната градежна компанија “TEHNIKA d.d. Zagreb” . Вредноста на склучениот договор за градење изнесува 8 милиони евра .