Select Page
Рехабилитација со проширување на државен пат А1, делница Петровец – Катланово (во двата правци)
Тековни Проекти
Опис:
Делницата е во должина од 5.2 км. и е дел од Пан Европскиот Коридор 10. Во тек се градежни работи кои се одвиваат по фази заради утврдениот времен режим на сообраќај. Во правецот Петровец – Катланово ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот асфалт, реконструкција на Мостот и обнова на вертикалната и хоризонтална опрема на патот вклучително и замена на еластичната одбојна ограда според новите европски стандарди.
Додека во другиот правец Катланово – Петровец ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување за уште една лента. Ќе се извршуваат работи на одводнување на патот, потпорни конструкции, објекти и сигнализација.
Вредност: 5.700.000 €
Период: 07/2020 - во тек