Select Page
Рехабилитација на државен пат А2, делница Куманово – Страцин (фаза 2)
Тековни Проекти
Опис:
Делницата е во должина од 17 км. Во тек се градежни работи кои се одвиваат по фази заради утврдениот времен режим на сообраќај. Ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот асфалт, рехабилитација на постоечките објекти на патот (АБ пропусти, подпатници и мостови) како и целосна обнова на вертикалната и хоризонтална опрема на патот, вклучително и замена на еластичната одбојна ограда според новите европски стандарди. Дополнително ќе се изврши и осветлување на делови од патот во близина на населени места и клучки.
Вредност: 7.200.000 €
Период: 01/2020 - во тек