Врз основа на Одлуката донесена од страна на Собранието на Акционери на ДГ Бетон АД Скопје, одржано на ден 18.10.2021 година, Одборот на директори на ДГ Бетон АД Скопје објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за продажба на недвижен имот

  1. Се продава недвижен имот – Хотел Аура кој се наоѓа во Охрид, викано место Свети Стефан, Охрид, со вкупна површина од 3525 м2, земјиште под зграда од 1258 м2 и дворно место од 8770 м2 видно од имотен лист бр. 465 КО Коњско, Охрид и имотен лист 888 КО Коњско, Охрид.

Заинтересираните купувачи може да ja разгледаат предметната  недвижност по претходен договор со Продавачот.

Заинтересираните купувачи за сите прашања во врска со недвижниот имот кој се продава може да се обратат во ДГ Бетон АД Скопје на тел. 02 551 3701 или на е-пошта beton@beton.com.mk.

Наведената недвижност се продава по принципот видено – купено и никакви дополнителни рекламации нема да бидат признаени.

Обврска на продавачот е предметната недвижност на Купувачот да му ја пренесе без никакви товари и ограничувања.

ПОСТАПКА ЗА ПРОДАЖБА

Заинтересираните понудувачи може да ги достават своите понуди до ДГ Бетон АД Скопје, Миле Поп Јорданов 32а, во запечатена коверта, со назнака НЕ ОТВОРАЈ – ПОНУДА најдоцна до 19.11.2021 година до 9.30 часот, во Архивата на ДГ Бетон АД Скопје.

Понудата задолжително мора да си содржи следните документи:

  • Понуда (испишана на посебен образец дефиниран од ДГ Бетон АД Скопје, кој се добива електронски од ДГ Бетон АД Скопје)
  • Тековна состојба (само во случај доколку понудувачот е правно лице)
  • Потврда дека над понудувачоот не е отворена постапка за стечај или ликвидација (само во случај доколку понудувачот е правно лице).
  • Изјава за прифаќање на условите за продажбата (се добива електронски од ДГ Бетон АД Скопје)

Јавното отворање на понудите ќе биде на ден 19.11.2021 година, со почеток во 10 часот, во просториите на ДГ Бетон АД Скопје, Миле Поп Јорданов 32а, 1000 Скопје, сала за состаноци трети кат.

Прифатлива понуда за ДГ Бетон АД Скопје е секоја понуда која што ќе биде повисока од проценетата вредност на недвижноста од овластен проценител.

Недвижностите ќе се продаваат по пат на лицитација, со јавно наддавање.

Понудувачите кои што ќе достават прифатливи понуди, во рок од 7 (седум) дена од отворањето на понудите, ќе бидат поканети на учество на лицитација – јавно наддавање.

Понудената цена во највисоката прифатлива понуда ќе биде почетна цена на лицитацијата – јавното наддавање.

Секое наддавање ќе биде во висина од 0.5% од почетната цена. Доколку по одбројување 1,2, 3 нема ново наддавање, јавното наддавање се заклучува.

Секој понудувач е должен најдоцна пред почетокот на лицитацијата – јавното наддавање, до ДГ Бетон АД Скопје да достави банкарска гаранција во износ од 1% од својата понуда, на име сериозност на понуда, со важност од најмалку 3 (три) месеци од денот на поднесената понуда. Доколку поканетиот понудувач не достави банкарска гаранција за сериозност на понудата, истиот нема да има право да учествува на јавното наддавање.

На победникот на лицитацијата банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде вратена по склучувањето на Договорот и исплатата на договорната сума, додека на останатите ќе биде вратена на денот на завршување на лицитацијата.

Доколку победникот одбиe да го поптише Договорот за купопродажба во рок од 7 (седум) дена од повикот на продавачот, или пак не ја исплати договорната сума на начин и во рок утврден во потпишаниот договор, Продавачот ќе ја наплати банкарската гаранција за сериозност на понудата.

Продавачот го задржува правото да не избере најповолен понудвач и да ја повтори постапката за продажба, без притоа да даде образложение.