Кариера
Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје
Друштвото за Градежништво БЕТОН Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година. Низ годините, минувајќи низ многу етапи на трансформации на самото општество, со постојан, континуиран и динамичен развој, БЕТОН израсна во една од водечките градежни компании на Балканот. Денес БЕТОН е современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати. Нашиот главен мотив и поттик за нови предизвици се изведените проекти и низата задоволни Клиенти, Корисници и Инвеститори. Градењето е наша инспирација! А инспирацијата низ времето не прави се подобри!
Доколку сакате да работите во динамичен тим кој граби напред, со многу можности за сопствено усовршување и унапредување, во одлична работна средина, искористете ја можноста за добра заработувачка и придружете се на нашиот тим!!!
Доколку сакате да работите во динамичен тим кој граби напред, со многу можности за сопствено усовршување и унапредување, во одлична работна средина, искористете ја можноста за добра заработувачка и придружете се на нашиот тим!!!
Отворени позиции
ДГ БЕТОН АД Скопје вработува – Градежен инженер
Градежен инженер ……………………………………….……… 9 извршители
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Плата: во зависност од работното искуство и квалификациите од 25.000 до 100.000 денари
Работно време: Работата ќе се одвива со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 7:30 до 15:30 часот.