- Градежен инженер ……………………………………….……… 9 извршители
Неопходни компетенции:
- ВСС –градежен факултет
- Со или без работно искуство (Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутери (MS Office)
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
- Одлично познавање на стандарден софтвер (Windows, Office, Project….)
- Одлично познавање на наменски софтвер поврзан со градежништво.
Потребни способности и вештини:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
Работни задачи:
- Извршување активности при реализација на проекти од високо и ниско градба
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Плата: во зависност од работното искуство и квалификациите од 25.000 до 100.000 денари
Работно време: Работата ќе се одвива со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 7:30 до 15:30 часот.
Место на извршување на работата: Во зависност од самите проекти, променливи локации.
Друштвото го задржува правото да не изврши избор доколку не се пријават соодветни кандидати.
ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ДГ БЕТОН АД Скопје или преку e-mail: beton@beton.com.mk.