Активности

Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје

ДГ БЕТОН АД Скопје е современа градежна компанија, која ги задоволува и ги спроведува највисоките стандарди и барања на денешното време од областа на сигурноста, безбедноста, екологијата, технолошкиот развој и иновативноста. Постојано работиме на нашето усовршување, на задоволување на строгите критериуми на асоцијацијата за сертифицирање, континуирано го модернизираме нашето работење и се трудиме да им го понудиме најдоброто од областа на градежништвото на сите наши клиенти.

ДГ БЕТОН АД Скопје е компанија спремна за да изведе и брзо да се вклучи во изградба и проектирање на објекти од секаков тип и обем, на било која локација во светот. Тоа се должи на огромното искуство, спремниот кадар, современата опрема и механизација и посветеноста на секој поединец.

Не можеме тука да ги презентираме сите објекти кои БЕТОН ги изградил, но можеме да се пофалиме дека веќе 65 години го градиме ликот на нашата земја, на градовите во нашата земја, но и надвор од неа. Нашиот стил на градење може да се препознае и во многу други градови и земји. Нашиот печат ќе остане во Германија, Чешка, Либија, Ирак, Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Литванија…

Овде Ви презентираме мал дел од она што БЕТОН го има изградено и создадено, мал дел од нашите активности, воглавно од последните години.

Проектирање

Во склоп на ДГ БЕТОН АД Скопје, од самото формирање на компанијата, работи Институтот за Студии и Проектирање. Тоа е нашиот центар за иновации и креативност, чии идеи ги вградуваме во градежниот бизнис.

Нашиот центар за проектирање изработува Проекти кои се во тренд со современото живееење, кои ги следат барањата на комерцијалниот пазар, кои се во согласност со се поголемите барања на екологијата и ги задоволуваат барањата на Инвеститорите за функционалност и економичност.

Резултатот од работењето на Институтот за Студии и Проектирање се бројни проекти, бројни реализирани градби, бројни задоволни клиенти и бројни награди и признанија. Нашите педесетина врвни проектанти можат да одговорат на предизвиците на секаков тип на проект, од секоја фаза на проектирањето, како и на сите фази што следат по изготвувањето на Проектната Документација, се до добивање на Градежна Дозвола.

Изведување

ДГ БЕТОН АД Скопје е модерна градежна компанија која изведува градежни работи со широк дијапазон од областа на:
Z

Градежните и занаетчиските работи

Z

Сите видови на инсталатерски работи (хидро, електро, машински)

Z

Високоградба (административни, станбени објекти)

Z

Проектирање, изградба и продажба на станови

Z

Нискоградба (патишта, мостови, тунели)

Z

Хидро градба (брани, хидро системи)

Z

Подготовка на бетон, арматура и оплата

Z

Ентериери

Z

Индустриски градби ( фабрики, хали, силоси)

Z

Реконструкции, адаптации и санации

Z

Подготовка на инвестициона и техничка документација, градежни елаборати и Проекти

Z

Осмислување и подготовка на технолошки процеси и методологии на градби

Z

Разни инжинерски, занаетчиски и градежни услуги

Z

Градежни машини – услуги на трети лица

Производствени капацитети

Во рамки на компанијата постојат Работни Единици,кои се носители на градежната дејност на компанијата.

Покрај градилиштата, тука се и погоните:

Z

Погон Механизација, која располага со возен парк од над 200 машини и возила и 36 кранови

Z

Бетонка, која располага со 5 стационарни и една мобилна фабрика за бетон, сите со капацитети од 25-45 м3/час

Z

Армирачки погон

Z

Асфалтна база со капацитет од 175 t/час, произведена во 2009 година.