Select Page

Активности

k

Проектирање

Во склоп на ДГ БЕТОН АД Скопје, од самото формирање на компанијата, работи Институтот за Студии и Проектирање

Изведување

ДГ БЕТОН АД Скопје е модерна градежна компанија која изведува градежни работи со широк дијапазон.

Производствени капацитети

Во рамки на компанијата постојат Работни Единици,кои се носители на градежната дејност на компанијата.

Проекти

Проекти

ДГ БЕТОН АД Скопје е модерна градежна компанија која изведува градежни работи со широк дијапазон од областа на:

Z

Градежните и занаетчиските работи

Z

Сите видови на инсталатерски работи (хидро, електро, машински)

Z

Високоградба (административни, станбени објекти)

Z

Проектирање, изградба и продажба на станови

Z

Нискоградба (патишта, мостови, тунели)

Z

Хидро градба (брани, хидро системи)

Z

Индустриски градби ( фабрики, хали, силоси)

Z

Реконструкции, адаптации и санации

Z

Подготовка на инвестициона и техничка документација, градежни елаборати и Проекти

Z

Осмислување и подготовка на технолошки процеси и методологии на градби

Z

Разни инжинерски, занаетчиски и градежни услуги

Z

Градежни машини – услуги на трети лица

Z

Ентериери

Градењето како инспирација!

Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија.

Многу години поминаа од оние ударнички денови кога БЕТОН со елан и жар се вклучи во битката за издигање на Tатковината од пепелот на Втората Светска Војна. Низ годините, минувајќи низ многу етапи на трансформации на самото општество, со постојан, континуиран и динамичен развој, БЕТОН израсна во една од водечките градежни компании на Балканот.

Денес БЕТОН е современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати.

Нашиот главен мотив и поттик за нови предизвици се градбите кои остануваат позади нас и плеjадата задоволни Клиенти, Корисници и Инвеститори.

Градењето е наша инспирација! А инспирацијата низ времето не прави се подобри!

Ваш, Бетон

Сертификати