ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТИ

Јавен повик за Собрание на Акционери

Годишен извештај 2015 година

НОВОСТИ


Станбени единици со квадратури од 46-73 пл2 на девет нивоа и поткровје и деловен простор во приземјето. Овозможено е паркирање во две подземни нивоа и паркирање на ниво на самата локација. Асеизмички конструктивен систем од армирано бетонски столбови, греди и платна кои во потполност одговара на сите постојани и корисни гравитациони оптеретувања, а и на случајни хоризонтални-сеизмички оптеретувања. Безбедносни блиндор влезни врати во становите со сигурносна брава и заклучување по хоризонтална и вертикална оска. Надворешни фасадни ѕидови од термички ѕидни блокови со д=25см и 8см надворешна термичка изолација, што обезбедува коефициент на топлопроводливост 0.26 и со тоа ги надминува барањата на новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради во Р.Македонија. Надворешна столарија од ПВЦ со вградени метални профили, надворешно четирисезонско стакло и исполна од аргон со што се обезбедува коефициент на топлинска проводливост U=1.0(W/mpK). Обезбедена заштита од сонце со ПВЦ ролетни во скриени кутии. Објектот во потполност ги задоволува сите потребни мерки за заштита од пожари експлозии и опасни материи. Целиот објект е приспособен за лица со посебни потреби.