Друштвото за градежништво БЕТОН, акционерско друштво во приватна сопственост, успешно се развива и постои повеќе од 60 години.
Преку континуиран и динамичен развој, минувајќи низ сите етапи на развој, израсна во водечко претпријатие од областа на градежништвото во Македонија и надвор од неа.
Вредните работници на БЕТОН се вклучија во сите полиња на изградбата на нашата земја, почнувајќи од индустриски, станбени објекти, училишта, болници, мостови, брани и многу други скоро во сите градови во Македонија. Така, градејќи БЕТОН и самиот се изградуваше, го изградуваше својот препознатлив начин на градење не само во Македонија, туку и во многу градови во Чешка, Словачка, Германија, Ирак, Либија, Бугарија, Латвија, Украина, Русија, Србија.
Денес БЕТОН претставува компанија подготвена да се вклучи во реализацијата на каков и да е објект, од кој и да е обем и каде и да е во светот.